Научно-истражувачката активност на Институтот ќе се базира на трендовите на социјалните иновации во светот, со ангажман мотивиран од потребите и ориентиран кон интерактивно креирање иновативни испораки наменети да ги задоволат долгорочните потреби на општеството или специфичните групи во општеството. Таквата активност треба да биде отворен процес на соработка и иновативно вмрежување каде крајните корисници и другите релевантни чинители и засегнати страни учествуваат во развојот, имплементацијата и усвојувањето на овие иновации, со своето знаење, информации, искуства и ресурси со цел да се споделат и да произведат иновативни модели, производи и услуги кои го подобруваат квалитетот на живот и придонесуваат кон поголемо влијание на глобалната економија.