За нас

Социјалните иновации се нови социјални практики кои имаат за цел да ги задоволат социјалните потреби на подобар начин од постојните решенија. Социјалните иновации ги вклучуваат општествените процеси на иновации, како што се методите и техниките на отворен извор, како и иновациите кои имаат активен социјална мотивација. Постојат многу дефиниции за социјални иновации, меѓутоа тие обично ги опфаќаат широките критериуми за општествените цели, социјалната интеракција помеѓу актерите или разновидноста на актерите, социјалните резултати и иновативноста. Трансформативните социјални иновации не само што воведуваат нови пристапи кон навидум нерешливи проблеми, туку успеваат да ги променат социјалните институции што го создале проблемот. Притоа, социјалните иновации не се привилегија на било каква организациона форма или правна структура, туку процес на развивање решенија кои бараат активна соработка и доверба меѓу повеќе заинтересирани и засегнати страни: владата, бизнисот и непрофитниот/невладиниот сектор.

 

ВИЗИЈА на Институтот е праведен, одржлив и просперитетен свет базиран на нови општествени односи и модели на соработка.

 

МИСИЈА на Институтот е зајакнување на капацитетот на поединците и организациите да развиваат иновативни решенија за комплексни проблеми преку истражување, образование и искуствено учење.

 

ЦЕЛИ

Стратегиска цел на Институтот за социјални иновации е социјален напредок преку научни истражувања во сферата на подобрување на социо-економскиот статус, здравјето и благосостојбата на поединците, специфичните општествени групи и општеството во целина, преку:

  • Идентификација и формулација на социјалните предизвици за кои се потребни системски промени;
  • Развој и спроведување на релевантни фундаментални и применети истражувања чија цел е да се унапреди теоретското знаење и истражувачката пракса во сферата на социјалните иновации;
  • Развој и имплементација на иновативни услуги и решенија за социјалните предизвици;
  • Поттикнување на социјалните иновации и претприемништвото како можност за кариера во социјалната и здравствената дејност;
  • Подобрување на институционалниот капацитет, преку развој на алатки за олеснување на анализите во доменот на социо-економските, социјалните и здравствените истражувања;
  • Обезбедување поволно опкружување и поддршка за развој на академските и применетите истражувања во областа на социо-економските, социјалните и здравствените истражувања;
  • Развој на иновативни идеи и правци во истражувањата што се поврзани со потребите на деловниот, јавниот и граѓанскиот сектор во областа на социјалните иновации;
  • Унапредување на партнерствата помеѓу деловниот, јавниот и граѓанскиот сектор;
  • Подобрување на квалитетот на податоци, нивната функционална поврзаност и креирање отворен пристап;
  • Поттикнување на иновациите и креативноста во социјалното и деловното опкружување;
  • Создавање вредности кои ќе се реинвестираат во нови економски и социјални можности;
  • Поттикнување придонес на Институтот во развивањето и одржувањето на професионалните стандарди во областите на делување на Институтот;

Преку издавачката дејност од истражувањата за актуелни теми и прашања да даде придонес во јавната дебата и во градењето на политиките во областите во кои работи Институтот.