Истражувања и методи

Видови на социјални истражувања

Четирите главни типови на социјални истражувања кои ќе ги применува Институтот се: квалитативно и квантитативно истражување, примарно и секундарно истражување.

  • Квалитативно истражување: Квалитативните методи ќе се потпираат на директна комуникација со засегнатите чинители. Главни квалитативни истражувачки методи кои ќе ги користи Институтот се етнографските истражувања, фокус групите, интервјуата еден-на-еден, набљудувањата, анализите на содржини и истражување на случај. Резултатите од овој метод повеќе ќе се фокусираат на тоа да бидат точни, наместо да се генерализираат на целото население.
  • Квантитативно истражување: Квантитативните истражувања се исклучително информативен извор на собирање на податоци спроведен непосредно или преку медиуми како што се анкети, испитувања и прашалници. Собраните податоци Институтот ќе ги анализира за да се добијат нумерички или статистички резултати презентирани во табели, графикони, инфографици, итн. Овие истражувања ќе се спроведуваат на методолошки соодветно избран примерок кој е репрезентативен за целната група.
  • Примарно истражување: Примарното истражување ќе го спроведуваат самите истражувачи на Институтот, преку листа на прашања кои треба да бидат прилагодени на целната група. Овие прашања ќе се испраќаат до испитаниците преку анкети, испитувања или прашалници. Бидејќи податоците се собираат од прва рака, ова е многу егзактен метод, соодветен на барањата за истражување.
  • Секундарно истражување: Секундарно истражување е метод каде информациите веќе се собрани од истражувачки организации или други посредници. Весниците, он-лајн заедниците, стручните анализи, извештаите, аудиовизуелните докази итн. припаѓаат на категоријата секундарни податоци. Откако Институтот ќе ја идентификува темата на истражувањето и истражувачките извори, истражувачите ќе може да ги соберат постоечките достапни информации од наведените извори. Тие потоа ќе може да ги комбинираат сите информации за да ги споредат и анализираат за да извлечат заклучоци.

 

Методолошки пристап

  • Примена на класични методи (испитувања, експерименти, интервјуа, набљудувања)
  • Примена на иновативни методи и инструменти:
  • Моделирање на постапки за развој и евалуација;
  • Развивање платформи и мрежи на учење;
  • Воспоставување и поврзување бази на податоци за развојни проекти;
  • Креирање иновативни комуникации и социјални медиуми;
  • Едукација и обука за применети вештини неопходни за глобалниот пазар на труд.