Д-р Неда Милевска Костова

Д-р Неда Милевска Костова

Научен соработник во областа Здравствени политики и менаџмент, истражувач во областа на јавното здравје и експерт за здравствени политики со повеќе од две децении искуство во Европа, Азија и на глобално ниво. Таа е доктор на науки по јавно здравје на Универзитетот во Шефилд, Велика Британија. Нејзин поширок истражувачки интерес се зајакнувањето на здравствените системи, социјалните детерминанти на здравјето и развојот на правични здравствени политики во различни географски и социоекономски контексти. Нејзина потесна специјалност се методологии за вклучување на пациентите со заразни болести и истражувања за антимикробна резистенција. Таа е консултант на СЗО за Европа и Југоисточна Азија во областите здравствени системи и политики, а воедно и претседател на Patients for Patient Safety Observatory во Женева и на AMR Patient Alliance. Во април 2018 година, и е доделено звањето Примариус од страна на Министерот за здравство на РМ, за особен придонес во развојот и унапредувањето на здравствениот систем на РС Македонија. 

Објавени трудови

Над 90 објавени научни и стручни трудови, како и стручно-апликативни и публикации од областа на применетите политики.